Николовски: „Зелената нафта“ ќе дојде до земјоделците во најкус можен рок

Од:

Земјоделците сакаат да ја добијат „зелената нафта“ што поскоро, зашто по велигденските празници почнуваат со производната сезона.

Министерот Љупчо Николовски ги уверува дека постапката се спроведува најбрзо што може. Се е подготвено, се чека само на законското решение кое веќе ја помина првата фаза во Собранието.

– Мене после мај таа нафта не ми треба. Сега сакам да ја имам за да ми се намали цената на производот. Треба да купам репроматеријали, ѓубрива, заштитни средства,… Ако не ја добиеме навреме, производот ќе ни биде поскап зашто субвенција на нафтата нема да имаме и практично ќе ја плаќаме како некој што вози мерцедес од 300 илјади евра. Тоа не е решение, изјави земјоделецот Маринко Зафиров од Чешиново, сопственик на околу шест хектари обработливо земјиште.

Тој се пожали и дека цената на оризот е катастрофална, 35 до 42 денара за килограм, а арпата, рече, никој не ја купува или се нудат по максимум 15 до 16 денари.

– До 40 проценти од оризот стои по амбарите, а арпата пред некоја недела му ја истуравме на добитокот зашто се нудат минимални 15 денари, нагласи Зафиров.

Земјоделците кои денеска во селото Спанчево, општина Чешиново- Облешево, слушнаа за текот на процесот на окрупнување на земјоделското земјиште, истакнаа и дека распределбата на субвенциите не е со еднаква динамика. Некои ги земале парите навреме, а на некои се уште не им е исплатена поддршката од ланската и од 2016 година.

Според министерот Николовски, се прават максимални напори зелената нафта што поскоро да се имплементира. Веднаш по донесувањето на законското решение ќе биде распишан тендер за печатење 60.000 до 70.000 т.н. зелени платежни картички, што ќе им бидат поделени на земјоделците.

– Побрзо од ова што сега го правиме, неможе никој. Мислам дека треба да бидете задоволни, најмногу за зелената нафта, зашто се се прави по најбрза можна постапка. Се е подготвено, се чека донесување на законот. Нема да има никаков проблем ниту со печатењето на картичките што ќе треба да се реализира за краток временски период, потенцира Николовски.

Одговарајќи на новинарско прашање министерот рече дека продолжува поддршката за браната Речани, а следните две недели ќе заврши и постапката за браната Пишица.

Николовски, кој денеска присуствуваше на инфо средбата во Спанчево, напомена дека интересот кај земјоделците за окрупнување на земјиштето е се поголем. Во првата фаза со проектот што го спроведува ФАО консолидацијата ќе опфати околу 17.000 парцели или 5.000 хектари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата