Николовски во Црна Гора ги пренесе придобивките од Отворен Балкан и успешната ИПАРД приказна

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска престојува во посета на Црна Гора, каде оствари средба со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и вицепремиерот и министер за земјоделство, Владимир Јоковиќ, информираат од МЗШВ.

Од Министерството истакнуваат дека целта на посетата е споделување на нашата успешна ИПАРД приказна и придобивките од иницијативата Отворен Балкан.

Министерот Николовски посочи дека нашата земја е подготвена да и помогне на Црна Гора во посилно повлекување на средства од ЕУ фондовите, преку споделување на нашите искуства за успешноста на ИПАРД 2 програмата.

– Северна Македонија и Црна Гора немаат никакви отворени прашања, но имаат огромен простор да ја зголемат соработката, комуникацијата и испораката на резултатите кон граѓаните. Токму затоа денеска разговаравме и со потпретседателот и со премиерот Абазовиќ на две теми, шампионската улога на Северна Македонија во искористеноста на ИПАРД 2 средствата во износ од 60 милиони евра односно 98 отсто од целокупниот буџет и со реализирани над 2000 договори, изјави министерот Николовски.

Абазовиќ истакна дека посетата на Николовски е дополнителен импулс за посилна соработка помеѓу нашите земји, особено во земјоделскиот сектор и производството на храна.

– Покрај туризмот и енергетиката, земјоделството е со најзначаен потенцијал за експанзија. Целта ни е максимално да ја искористиме таа можност во наредниот период, изјавил премиерот Абазовиќ, известуваат од МЗШВ.

Црногорскиот министер за земјоделство, Јоковиќ, кој е иницијатор на денешната средба, упати благодарност до Николовски за пренесување на нашето искуство.

– Северна Македонија е регионален пример во поглед на искористеноста на фондовите од ЕУ за развој на земјоделството и поттикнување на производството. Црна Гора сака да ги усвои и примени македонските добри практики. Благодарни сме на македонските пријатели на подготвеноста да не поддржат, изјави Јоковиќ.

Втората тема на која се разговараше денеска беше иницијативата Отворен Балкан.

– Верувам дека во многу скоро време Црна Гора ќе биде новата земја членка на Open Balkan и дека граѓаните на Црна Гора ќе ги осетат и ќе ги добијат придобивките коишто ги имаат сега македонските граѓаните и граѓаните на Албанија и на Србија, нагласи министерот Николовски и при тоа ги образложи сите позитивни резултати од отворените граници како и идните планови за нови иницијативи кои уште повеќе ги доближат земјите членки кон остварување на нови придобивки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата