(ВИДЕО) Николовски: Се водат разговори за пласман на зелка на рускиот пазар

Од:

Се подготвува понуда на македонска зелка за рускиот пазар. Се собираат податоците за расположливите количини и цените. Интензивно се водат разговори за пласман, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

По средбата со винарите во Градско, Николовски нагласи дека и денеска претставници од Министерството ќе имаат средба со производителите од Струмичко.

Украина и Русија засега не увезуваат македонска зелка зашто имаат прилив од други земји по многу поконкурентни цени.

– Во овие неколку часа се подготвуваат информации кои ќе бидат испратени до Македонско-руската стопанска комора која ги води разговорите. Верувам дека ќе имаме резултат, истакна министерот.

Според него, се вложуваат максимални напори не само за олеснување на извозот, туку и за обезбедување нови пласмани.

– Секој ден сме на терен во Струмичко. Вложуваме максимални напори да го олесниме извозот, но притисокот од други земји е многу голем и си го прави своето. Цената е многу поконкурентна од нашата, потенцира Николовски, додавајќи дека со Москва се разговарало и за царинските давачки кон Македонија. Средби со производителите од Струмичко ќе има и утре зашто Министерството, како што рече Николовски, упорно се труди да најде решение.

Цената на зелката во моментов, според министерот, е 12 денари за килограм.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата