Николовски: „Повардарие“ ќе го исплати долгот кон лозарите од залихите вино

Од:

Винарската визба „Повардарие“ треба да го исплати долгот кон лозарите до денар, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Како што изјави Николовски, одговорајќи на новинарски прашања, Инспекторатот утврдил дека „Повардарие“ има залихи на вино. Со нивната продажба, рече министерот, лозарите ќе бидат исплатени.

– Во наредните денови ќе правиме притисок за целосна, брза исплата на секој лозар. Сериозно сме фокусирани на ова прашање. Потпишав решенија со кои се одобрува продажбата на вино од залихите, а со средствата ќе бидат исплатени лозарите, нагласи Николовски по завршната конференција за проектот за надградување на Земјоделскиот информативен систем.

Тој потенцира дека од 1 јуни годинава е запознаен со случајот на „Повардарие“ кој, и покрај долговите, бил игнориран 10 години.

Во врска со субвенциите, министерот информира дека исплатата тече согласно Законот. Постапката е забрзана зашто пред доаѓањето на новата Влада, процесите беа блокирани.

– За три и пол до четири месеци се исплатени 93 милиони евра заостанати обврски од 2014, 2015 и 2016 година, рече Николовски.

На прашањето зошто Владата планира да го укине „Денот на дрвото“, Николовски одговори дека привршуваат деталните анализи околу досегашниот ефект на оваа акција, но истовремено Владата ја поддржа Програмата за проширена репродукција на шумите со шест до седум пати поголем износ.

Осврнувајќи се на недостатоците што ги нотира проектот за Земјоделскиот информативен систем, Николовски подвлече дека е во тек ревизијата за распределбата на земјоделското земјиште и потпишаните договори по оваа основа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата