Николовски не очекува економски санкции од Русија за македонските земјоделски производи

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во Охрид рече дека не очекува последните случувања во односите со Русија да имаат негативни последици за извозот на нашите земјоделски производи на рускиот пазар.

– Јас сум претседател на меѓувладината македонско-руската комисија и досега не сум информиран за какви било потенцијални санкции или други мерки преидизвикани од политички аспект, истакна Николовски.

Според него, спротивно на досегашните практики да се преземаат активности што придонеле за затворање на низа пазари за македонските производи, оваа владина гарнитура е фокусирана токму на отворање нови пазари.

– Ние работиме на засилување на целата трговска размена со сите земји, како од опкружувањето, така и пошироко. Министерството и јас лично сме фокусирани на обезбедување непречен пласман на нашите производи надвор. Тоа го прават и премиерот и целата Влада, во духот на сите процеси што се водат во Република Македонија. Не очекуваме санкции од ниту една страна, напротив, работиме на овозможување нов пласман и отворање нови договори за македонското производство надвор од земјата, рече Николовски.

За најавените протести на земјоделци од Овчеполието заради неисплатени субвениции, Николовски нагласи дека заврши времето на исплата на субвенции само пред избори и за злоупотреби во партиски цели.

– Со засилена динамика Платежната агенција годинава ги исплаќа субвенциите за земјоделците, тогаш кога им се потребни, а 90 отсто од субвенциите во тековната програма ќе бидат исплатени во законски предвидениот рок, рече министерот, нагласувајќи дека оваа е прва година субвенциите да се исплаќаат тогаш кога е календарски предвидено.

Министерот Николовски денеска во Охрид имаше работна средба со албанскиот министер за земјоделство и рурален развој Нико Пелеши.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата