Николовски: Изградбата на системот за наводнување Лисиче 2 ќе обезбеди вода за наводнување на околу 5.000 хектари земјоделска површина

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во општина Велес одржа работен состанок за реализација на проектот за „Повеќенаменски ХС Лисиче 2“.

На состанокот присуствуваа жители од велешкиот регион, пратеници, градоначалниците на Велес и Чашка, директорот на ЈПВ Лисиче, директорот од Управата за водостопанство и претстваници од МЗШВ и консултантот на германската развојна банка „KfW“. На состанокот се разговараше за почетокот на проектот а консултатот на германската развојна банка „KfW“, беше информиран за потребите и значењето на овој проект за велешкиот регион.

Системот за наводнување Лисиче 2 ќе обезбеди вода за наводнување на околу 5.000 хектари земјоделска површина, вода за производство на електрична енергија од три мали хидроцентрали и полнење на акумулацијата “Младост” кој се наоѓа блиску до Велес. Овој систем за наводнување ќе опфати речиси 85% од населението во регионот, вклучено во земјоделски активности. Со изградбата на системот за наводнување ќе се изврши и поврзување на акумулациите Лисиче и Младост и изградба на мали хидроелектрани. Вкупната инвестиција е околу 28,5 милиони евра, а ќе се финансира со помош на германската развојна банка „KfW“ банка.

Проектот е долгогодишно барање на граѓаните и од големо значење за регионот, а неговата реализација директно ќе влијае врз зголемување на наводнуваните површини во велешкиот регион и врз подобрување на конкурентноста на земјоделството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата