Нелоски: Државниот и јавниот долг се зголемени за дополнителни 300 милиони евра

Од:

Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека задолжувањето го проби плафонот и оти е надмината психолошката граница.

– За прв пат во историјата на Македонија јавниот долг отиде преку 5 милијарди евра, а државниот долг преку 4 милијарди. Економијата е пред катастрофа, а државата на раб на банкрот. Податоците што ги објави Министерството за финансии, се доказ за неспособноста на Драган Тевдовски, Зоран Заев и Кочо Анѓушев. Ова црно економско трио за само три месеци од 2018 година успеа да ја задолжи државата и граѓаните за дополнителни 300 милиони евра. За толку е пораснат и државниот и јавниот долг од крајот на 2017-та година до крајот на март 2018 година. Тоа е задолжување од над три милиони евра на ден. Три милиони евра дневно за покривање на расипништвото на криминалниот картел во владата. Клептоманите и измамниците во владата ветуваа независен фискален совет кој ќе го запрел непродуктивното трошење и задолжувањето. Замислете што ќе се случеше ако не го ветеа? Ќе ни влегуваа по дома и ќе не ограбуваа, рече Нелоски.

Тој додаде дека една година по доаѓањето на СДСМ на власт, Македонија се наоѓа пред економски амбис.

– Нови проекти нема. Повисоки пензии и плати нема. Акцизите се качени, а се планира покачување и на даноците. Упропастувањето на економијата продолжува. Државата тоне во долгови заради економската цунами политика на владата на Заев. Заев, Тевдовски и Анѓушев се луѓето кои ќе бидат запаметени дека го урнале рекордот во задолжување. Заклучно со последните информации кои ги објавува министерството за финансии за првото тромесечие во 2018 година, и покрај фризирањата преку вештачки напумпаните проценки на БДП, јавниот долг изнесува над 5 милијарди и 84 милиони евра. Државниот долг исто така ја надмина психолошката граница од 4 милијарди евра и сега тој изнесува над 4 милијарди и 270 милиони евра. Се утепаа од лажење ама катастрофата која ја направија во економијата не се покрива, рече Нелоски.

Тој рече дека државата галопирачки се задолжува, корупцијата ги јаде институциите, ама, како што кажа, фамилијарните бизниси на Заеви и Анѓушев добро се офајдиле.

– Тие како канцер метастазираат во целата економија. Нема 500 евра плата, ни 100.000 за докторите, ниту поврат на ДДВ, како што нема ни 600 километри нови автопати, ама затоа имаме рушење на сите граници кога се работи за задолжувањето, енормно богатење на фирмите на Заеви и Анѓушев, матни зделки со РЕК Битола и лични бизниси на грбот на граѓаните. Граѓаните и државата се задолжуваат дури личните бизниси им цветаат. Оваа неспособна и неодговорна власт мора да замине, рече Нелоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко Филипче немаат идеја, креативност, визија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче јавно да се оградат и да го осудат говорот на омраза на Сашо Орданоски

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

ВМРО-ДПМНЕ: Треба добро да се прочешла имотот на дежурните судии кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица

(ВИДЕО) Петрушевски: Македонија мора да функционира како правна држава