НБРМ: Намалена побарувачката на девизи од физички лица

Од:

Народната банка на Републока Македонија информира дека е намалена побарувачката за девизи од физички лица, по евидентираниот висок и невообичен раст во последната недела од минатиот месец.

– По преземените мерки од страна на Народната банка, обезбедување на потребна девизна ликвидност преку интервенции на девизниот пазар и зголемување на основната каматна стапка на 3 мај годинава, движењата постепено се нормализираат, што се согледува преку континуирано намалување на побарувачката за девизи од страна на физичките лица, наведува НБРМ во информацијата објавена на својата Фејсбук страница.

Претходно гувернерот на НБРМ Димитар Богов во интервју за Ројтерс рече дека речиси целосно е запрено повлекувањето на депозитите од банките по шпекулациите во врска со политичката криза во Македонија.

Во текот на април, наведе Богов, се повлечени 1,8 отсто од депозитите во банките што е прв таков случај по повеќе години постојан раст на депозитите.

Би можело да ве интересира

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите

Катерина Ѓуровски

Народна банка: Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Советот на Народната банка на седница ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година

Величковски: Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА

Ангеловска-Бежоска: членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата