НБРМ ќе промовира два информативно-едукативни филмови

Од:

Народната банка на Република Македонија денеска ќе промовира два информативно-едукативни филмови – „Народна банка – 70 години во служба на македонското општество“ и „Запознајте ја централната банка“.

Изработката на овие два филма е во рамки на активностите што Народната банка ги презема за одбележување на значајниот јубилеј 70 години централнобанкарски активности во Република Македонија.

Одбележувањето на јубилејот се одвива во текот на целата година, под мотото „Запознајте ја централната банка“ и има за цел да ја приближи Народната банка до пошироката јавност и да ја унапреди информираноста на граѓаните за доменот на делување на институцијата, нејзината улога и значењето во домашната економија. Во тој контекст е и изработката на овие два филма, со коишто Народната банка дава значаен придонес кон натамошно унапредување на нивото на финансиската едукација во земјата.

Како што соопшти НБРМ, со овој чекор, Народната банка станува дел од големото семејство на современи централни банки коишто во спроведувањето на својата едукативна функција, во голема мера, се потпираат на изработката на едукативни видеоматеријали.

Би можело да ве интересира

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите

Катерина Ѓуровски

Народна банка: Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Советот на Народната банка на седница ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година

Величковски: Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА

Ангеловска-Бежоска: членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата