НБРМ домаќин на регионален состанок на супервизорски органи

Од:

Супервизорските органи од регионот денеска на состанок во Скопје го разгледуваа предлог-текстот на Меморандумот за соработка со Европската централна банка и Европскиот банкарски орган.

На четвртиот регионален состанок на супервизорските органи, чиј домаќин е Народната банка на Република Македонија, учествуваа претставници на Банката на Албанија, Агенцијата за банкарство на Босна и Херцеговина, Агенцијата за банкарство на Република Српска, Централната банката на Косово, Централната банка на Црна Гора и Банката на Србија.

Овој вид состаноци се одржуваат во рамки на Виенската иницијатива 2 и има цел утврдување на заедничкиот настап на супервизорските органи од регионот во односите со Европската централна банка и Европскиот банкарски орган.

Состанокот го отвори гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, кој го истакна значењето на ваквите средби за размената на искуствата и предизвиците во усогласувањето на супервизорската регулатива и практика со европските стандарди, како и за воспоставување ефикасна соработка со институциите коишто се дел од механизмот на единствен супервизор во евро-зоната. Значаен чекор напред во таа насока е склучувањето Меморандум за соработка на супервизорските органи од регионот со Европската централна банка и Европскиот банкарски орган, чијшто предлог-текст беше разгледан на состанокот, соопшти НБРМ.

Би можело да ве интересира

Во јануари годишен раст од 11,0% на депозитите, а 11,3% на кредитите

Европската централна банка ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења минатата година соодветствуваат со проекциите на Народната банка

ЕК формира Управувачки Комитет за СЕПА

А1он

Во декември годишен раст од 12,4% на депозитите, а 11,2% на кредитите

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата