Општина Центар и ЈП Паркинзи се во преговори со Агенцијата за енергетика за поставување на полначи за електрични возила и велосипеди на пет локации на најфрекфентните места во централното градско подрачје на Скопје.
Како што пренесе порталот build.mk, повикувајќи се на информациите објавени на интернет – страницата на Агенцијата за енергетика, првата локација на која ќе биде поставен полнач за електрични возила и велосипеди ќе биде монтажниот паркинг во Капиштец.
Преку спроведување на јавно – приватно партнерство со Општина Центар и ЈП Паркинзи на Општина Центар, заинтересираните инвеститори ќе можат да се вклучат во овој проект.