ВИДЕО: Намалување на цените на роамингот и дигитализирање на земјите од Западен Балкан главни теми на Дигиталниот самит во Скопје

Од:

Република Македонија денеска и утре е домаќин на Првиот дигитален самит на земјите од Западен Балкан. Ова е првиот од серијата настани од овој тип што ќе бидат организирани на годишно ниво, а на кој присуствуваат премиери, владни претставници, бизнисмени, претставници на ЕУ, регионални оранизации и академската заедницата.

Во текот на двата дена ќе се разговара за намалување на цените на роамингот, сајбер безбедноста, зголемување на дигиталните вештини на граѓаните и меѓусебно дигитално поврзување на земјите од регионот. Дигиталниот самит на Западен Балкан, е дел од Берлинскиот процес и има за цел регионална координација и приближување на регионот до европските земји.

Самитот официјално го отвори премиерот Зоран Заев кој прача дека овој собир ќе придонесе за земјите од регионот уште посило да се поврзат со новата технологија и да ја искористат за уште подобра и поцврста соработка.

– Дигитализацијата е можност која не теба да се пропушти ако сакаме да обезбедиме иднина. Регионалната соработка има клучно значење во поврзувањето на граѓаните и државите на Западен Балкан. Таа регионална соработка доби суштина со Берлинскиот процес, а особено со усвојувањето на планот во Трст, рече премиерот Заев.

Самитот ги поврзува на едно место претставниците на владите, бизнисите, регионалните организации, граѓанското општество, академската заедница и младите со заедничка цел – размена на идеи и предлози за заедничко делување.

Една од иницијативите што треба да произлезат е заедничкото барање до Европската комисија за меѓусебно признавање на дигиталните сертификати, што значи дигиталните потписи и печати.

На самитот присуствуваат и еврокомесарите Јоханес Хан и Марија Габриел, претставници на ЕК и Советот за економска соработка, претставници на ИТ индустриите и бизнис секторот како и академската заедница.

Парлалелно со Самитот денеска ќе биде отворен и Експо дел во кој компаниите од дигититалната сфера ќе ја презентираат својата работа, а ќе се одржи и Камп за старт-ап компании, како и конференција посветена на лажните вести.

Предвидено е високата преставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, којас попладен доќа во Скопје, надвор од организацијата на Самитот да одржи вечера со владините преставници на земјите од Западен Балкан.

На Самитот учествуваат претставници од Австрија, Англија, Франција, Италија, Германија, Словенија и Хрватска.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Дигитален самит на економиите на Западен Балкан – Подгорица 2021

Ана Ололовска

Деспотовски: Отворање и транспарентност на институциите преку дигитализација

Ана Ололовска

Некстсенс – водечка компанија за дигитална трансформација и партнер на Дигиталниот самит во Белград

Ана Ололовска

Втор ден од Дигиталниот самит на Западен Балкан

Ана Ололовска

Министерот Манчевски се обрати на Дигиталниот Самит на земјите од Западен Балкан

Ана Ололовска

ВИДЕО: Робот заигра „Гангнам Стајл“ на отворањето на Дигиталниот самит во Белград

Ана Ололовска