Намалено производството во металургијата

Од:

И покрај позитивниот глобален тренд во металургијата посебно од почетокот на 2017 година, кај нас состојбите во физичкиот обем на производство се неповолни, оцени денеска Стопанската комора на Македонија.

Во периодот јануари-март 2018 производството на метали е намалено за 18,4 проценти во однос на истиот период лани.

– Податокот е уште поалармантен ако се има предвид дека минатата година намалувањето на производството беше над 15 отсто, истакна Зорица Мешкова од Комората.

Според неа, основната причина за ваквите податоци е нефункционирањето на двата најголеми металуршки капацитети, Фени и Југохром.

Состојбата се рефлектира и врз извозот кој кај металите е на истото ниво како лани и во првите три месеци од годинава изнесува 187 милиони американски долари.

Би можело да ве интересира

ЕК: Нема изземања од рестрикциите за челикот доколку се воведат

Ана Ололовска

Во Охрид 8. Меѓународен металуршки конгрес

Ана Ололовска

Металуршки конгрес во Охрид: Науката во функција на стопанството

Ана Ололовска

Македонија да биде изземена од мерките на ЕУ и САД, бараат прозводителите на челик

Ана Ололовска

Кочовски: Се подобрува состојбата во металургијата

Ана Ололовска

Стопанска комора: Влошена состојбата во металургијата

Ана Ололовска