Намалено производството на мед во Куманово

Од:

Неповолните временски услови во летниот период, значително го намалија приносот на мед во Куманово, информираа од Здружението на пчелари „Пчела“. Производството по кошница се движи од пет до 10 килограми по мед, додека во минатите години производството изнесувало и по 30 килограми. Иако, пчеларите се уште вадат мед, сепак тоа нема значително да влијае на количината која ќе се собере и пласира на локалниот пазар.

– За жал, климатските услови овој период, не беа наклонети за пчеларството. Услов за добра пчеларска година е да има врнежи, влага во почвата и воздухот, не повисоки температури од 35 степени, а ние се соочивме со исклучително сушен период два месеци, со екстремно високи температури до 40 степени, така што, немавме услови во природата за нектарење и пчелите да можат да собираат мед, изјави Часлав Ристовски, претседател на пчеларското здружените.

Сепак, нагласува и покрај малите приноси, нема да се зголеми цената на медот која во овој период се движи од 350 за 400 денари за килограм. Ристовски информирше дека за неповолната медоносна година ги информирале и надлежните од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Ако не можеме да влијаеме на климатските промени, може да се влијае и преку други начини за да се подобри состојбата. Истакнавме дека треба да се води и сметка за пошумување со медоносни растенија и со медоносни дрва. Треба да се обрне внимание, при увоз на соодветни препарати. Побаравме од Министерството да го намали данокот на додадена вредност од 18 на 5 проценти за увоз на пчеларска опрема и навремено исплаќање на субвенциите, изјави Ристовски.

Во Куманово има приближно 8.000 пчелни семејства, во градот има околу 200 пчелари, но последниве години се приклучуваат и млади кои се заинтересирани за пчеларството.

Би можело да ве интересира

Пчелите и медот да бидат заштитени со закон, граѓаните да научат како се препознава вистински мед

Ана Ололовска

Пчелните семејства даваат двојно помалку мед поради климатските промени

Ана Ололовска

Втор меѓународен натпревар за квалитет на мед „Tetovo honey awards 2020“

Ана Ололовска

Саем за мед во Скопје од денеска до недела

Ана Ололовска

Медот и пчелите да се заштитат со закон, бара здружението „Матица“

Ана Ололовска

И Атиџе на фестивалот „Денови на македонскиот мед 2020“

Ана Ололовска