МЗШВ: „Равен-Речица“ ќе овозможи наводнување на над 3.300 хектари земјоделска површина

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работи на изградба на системот за наводнување „Равен – Речица“, со кој се очекува да биде овозможено зголемување на наводнуваните земјоделски површини во полошкиот регион.

Од Министерството соопштија дека во овој период на терен во полн ек се градежните работи во делот на изградба на изливниот базен во кој што ќе се собира водата, се врши копање на каналот за цевководот и изградени се пристапните патишта до базенот и до цевководот.

Со овој систем за наводнување ќе се наводнува земјоделската површина која се протега од десната горна страна на автопатот Тетово – Гостивар до подножјето на Шар Планина, односно до границите на градежните урбанизирани површини на населените места во општините Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово, почнувајќи од Здуње се до Мала Речица.

Со овој хидромелиоративен систем исто така предвидено е да биде опфатена и дополнителна површина од 300 хектари, која се наоѓа под автопатот Тетово – Гостивар, во атарот на населеното место Горно Седларце. Со ова, со системот за наводнување “Равен – Речица“ вкупно ќе се наводнуваат над 3.300 хектари земјоделска површина во општините Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово.

Вкупната вредност на инвестицијата за реализирање на главниот доводен цевковод од системот за наводнување „Равен – Речица“ изнесува околу 975 милиони денари. Изградбата ќе се реализира во две фази и се очекува да трае 5 години. Реализацијата на овој капитален проект се финансира со средства од Буџетот на Република Македонија, преку Програмата за финансиска подршка на руралниот развој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата