МЗШВ: Проблемите со откупот на грозјето од реколтата 2016 се решени

Од:

Проблемите со откупот на македонското грозје од реколта 2016 се практично решени и дека нема потреба од интервентен откуп, наведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во реакцијата на изјавата на дополнителниот заменик-министер Љупчо Николовски.

– Потврда за тоа се изјавите на претставниците на винарските визби, кои на состанокот пред два дена рекоа дека состојбата ќе се стабилизира со новата мерка на Владата која предвидува субвенции од три денари по килограм „вранец“ за сите винарии кои ќе откупат винско грозје во 2016 година, за количини кои се над 60 проценти, но не повеќе од 130 отсто во споредба со ланските откупени количини од сортата „вранец“. Со оваа мерка се стимулира откупот на винското грозје во ситуација кога, како што кажаа винариите, на европскиот пазар била понудена пониска цена поради големиот наплив на вина од многу земји, се вели во реакцијата.

Притоа се додава дека во времето на СДСМ, иако грозјето не било платено, не бил воведен интервентен откуп. – Очигледно СДСМ само кога е во опозиција глуми загриженост за земјоделците и ветува мерки кои реално не се остварливи, велат од МЗШВ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата