МЗШВ: Поставен е нов рекламен банер на саемот во Берлин, за техничката грешка е поведена постапка

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска соопшти дека е поправена техничката грешка со рекламниот банер поставен на македонскиот штанд на саемот за храна и земјоделство „Зелена недела“ во Берлин. Веднаш по реакцијата од страна на МЗШВ до организаторот на саемот, направен е нов рекламен банер кој веќе е поставен на македонскиот штанд.

Според Министерството, првичниот банер беше предлог на компанијата „Кадино“, која дизајнот го има препратено до органозаторот на саемот. Притоа, направена е техничка грешка при преводот, за што МЗШВ веднаш реагираше и во најбрз рок се подготви нов рекламен банер.

-Веќе се работи на покренување постапка за утврдување одговорност кај лицата од Министерството вклучени и задолжени во организацијата на саемот. Инаку, кактеристично за овој саем е што земјите се претставуваат со нивни традиционални производи. За нас, еден од тие производи е бурекот и затоа решивме годинава да се стави фокус на овој традиционален производ. Денеска македонкиот штанд го посети светски познатиот критичар за храна, Дирк Хофман, кој го оцени македонскиот бурек како еден од највкусните и најуникатните традиционални производи, наведува МЗШВ.

Македонскиот штанд, додава, е еден од најпосетените на саемот. Дневно се поделени над 300 пити бурек и останати пецива. Темите варираат секоја година, во зависност од тоа кој ќе пројави интерес да соработува со МЗШВ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата