(ВИДЕО) МЗШВ ќе достави нота за стопирање на Правилникот за контрола при увозот на овошје и зеленчук

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе достави нота до хрватското Министерство за земјоделство за стопирање на Правилникот за контрола при увозот на овошје и зеленчук донесен на 15 јули годинава. Како што соопшти денеска ресорниот министер Љупчо Николовски, ваква нота ќе биде доставена и до надлежните институции на Европската комисија во Брисел.

Правилникот ќе биде разгледан и вечерва на владина седница, а во понеделник се очекува заеднички став да донесат и земјите од регионот.

„Со новиот Правилник што го донесе Хрватска значително се зголемуваат трошоците при извоз на македонското свежо овошје и зеленчук, што ќе влијае врз зголемување на крајната цена на чинење на производот. Со такви зголемени цени, македонското овошје и зеленчук ќе бидат неконкурентни на пазарот“, нагласи Николовски.

Според него, со носењето на Правилникот се врши и дискриминација кон земјите членки на ЕУ за кои трошоците за инспекциски надзор остануваат 90 куни, додека за трети земји, кои не се членки на Унијата трошоците ќе изнесуваат 2.000 куни.

„Висината на овие трошоци е нереална, имајќи предвид дека контролите се однесуваат на физичка проверка на производите“, подвлече министерот.

Николовски додаде дека Хрватска како земја членка на ЕУ треба да ја почитува Спогодбата за стабилизација и асоцијација што Македонија ја има склучено со ЕУ и согласно која ЕУ ќе ги укине царинските и другите давачки кои имаат ист ефект за увозот на земјоделските производи со потекло од Република Македонија.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Николовски напомена дека засега нема информации за какви било штети, но мора да се штити домашното производство и да се дејствува принципиелно, согласно меѓународните договори.

Николовски информира дека во насока на решавање на овој проблем надлежните министри на Македонија, Србија и БиХ во понеделник во Сараево ќе се сретнат за да го дефинираат заедничкиот став и заеднички да реагираат.

Хрватска е значаен партнер на Македонија во трговијата со земјоделско прехранбените производи, втора од земјите членки на ЕУ со реализиран извоз од околу 36 милиони евра годишно, и трета од земјите членки на ЕУ со увоз од околу 37 милиони евра. Вредноста на извозот на овошје и зеленчук од Македонија во Хрватска е околу 5 милиони евра годишно. Најмногу се извезуваат свежи пиперки, зелка, домати, краставици, трпезно грозје и лубеници. Од Хрватска најмногу се увезуваат месо од живина, шеќер, чоколади, цигари, сирење, конзервирана риба,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата