МЗШВ и Слоу фуд Македонија ја официјализираат соработката

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска ќе ја официјализира соработката со националната организација Слоу Фуд Македонија преку потпишување меморандум.

Меморандумот предвидува соработка во повеќе области, а меѓу приоритетните е користењето заштитени ознаки за квалитет. По овој повод, Слоу Фуд Македонија на МЗШВ ќе му ја достави Листата со традиционални производи во Република Македонија, на која работеше изминатиот период.

Настанот ќе го отвори министерот за земјоделство Љупчо Николовски, а ќе присуствуваат претставници од науката, земјоделскиот сектор и активисти на Слоу фуд Македонија.

Слоу Фуд Македонија претходно склучи Меморандум за соработка и со Агенцијата за храна и ветеринарство. Засега активностите се фокусирани на донесување нов правилник за директна продажба на традиционални и анимални производи во мал обем.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата