МЗШВ ги плати долговите за членарини за претходни години во меѓународните организации за земјоделство

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство плати 137 илјади евра по основ на заостанати долгови за претходни години за неплатени членарини во меѓународни организации за земјоделство.

„Станува збор за долгови за членарини во Организацијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО), Меѓународната организација за вино (ОИВ), Европската и медитеранска организација за заштита на растенија (ЕППО).

За членарини за заостанати години за ФАО, МЗШВ минатата недела плати близу 50 илјади евра. Членството во оваа организација е од исклучителна важност за Македонија, бидејќи токму преку ФАО се спроведуваат клучни проекти за македонското земјоделство, како што проектот за консолидицација на земјоделското земјиште, за реонизација на земјиштето според почвените карактериските, како и поддршка за полесен пристап до меѓународниот финансиски инструмент, Зелен климатски фонд.

За долгови за членарини во Европската и медитеранска организација за заштита на растенија (ЕППО) за 2013 година, МЗШВ плати 24.460 евра, а ја плати и членарината за оваа година, во износ од 24.960 евра . Членството во оваа организација е важно заради размена на искуства во делот на заштитата на растенијата, усогласување на законските регулативи и употребата на заштитните средства.

Вкупно 18.900 евра МЗШВ плати за заостанати членарни за 2015 година во Меѓународната организација за вино (ОИВ), и исто толку за членарана за оваа 2017 година.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, почна со расчистување на заостанатите долгови по за членарини во меѓународни институции, уште во јули годинава. Тогаш, беа платени дел од долговите кон овие меѓународни институции.

Податоците покажуваат дека претходната власт на пример за ФАО до 2012 година не плаќала ништо. Потоа следните години се плаќале минимални износи, а реалните долгови само се акумулирале. Од централата на ФАО во мај годинава пратија допис до македонското Министерство за надворешни работи со предупредување дека Македонија поради неплатената членарина ќе го изгуби правото на глас. По налог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на почетокот на месец јули се платија околу 31 илјади евра, со цел да може Македонија да го задржи правото на глас во ФАО. Цели пет години не се плаќала членарината во ЕППО, а три години не била платена членарината во ОИВ.

Во наредниот период МЗШВ, навреме ќе ги плаќа членарините во овие меѓународни институции кои се клучни за помош на развојот на македонското земјоделско производство, за креирање и регулирање на мерки за меѓународна трговија на земјоделски производи, но и од кои добиваме техничка, стручна и финансиска помош“, се вели во соопштението на МЗШВ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата