МЗШВ: До 1.955 јаболко производители исплатени субвенциите за предадени јаболка во регистрирани откупувачи или преработувачки капацитети за период 2022-2023 година, во вредност од 203,3 милиони денари

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира јаболко производителите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализраше исплатата на дополнителните субвенции за предадено јаболко во откупен или преработувачки капацитет.

-Вкупната исплата е во вредност од 203,3 милиони денари, исплатена до сметките на 1.955 земјоделски стопанства. Како корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства, кои се корисници на мерката за одржување на постоечки јаболкови насади, и кои оствареното производство на јаболка во период од 15 септември 2022 година – 15 мај 2023 година, го имаат предадено кај регистрирани преработувачки капацитети, или кај регистриран откупувач, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи. Висината на директните плаќања по оваа мерка изнесува 3 денари по килограм.

Од 2023 година стартуваше новиот модел за субвенционирање, модел кој на земјоделците им гарантира брза и навремена исплата на субвенциите. Сите земјоделци на крајот од 2023 година добија авансна исплата на 30% од директните субвенции. Сите јаболко производители на крајот од 2023 година, ги добија авансните исплати на директните плаќања за одржување на овошни насади и добија финансиска поддршка од 12.000 денари по хектар.

Поддршката за јаболко производителите со нови мерки продолжува и во 2024 година. Во програмата за финансиска поддршка на земјоделството е предвидена мерка, со која ќе бидат опфатени сите јаболко производители, кои во периодот од 15 септември 2023 година – 15 јануари 2024 година, го имаат предадено своето производство во регистрирани откупувачки или преработувачки капацитети. Дополнително оваа година јаболко производителите, како и сите земјоделци, добиваат 100% поддршка за зелена нафта. Пооддршката која од оваа година овоштарите за зелена нафта ќе ја добијат изнесува 12.000 денари по хектар – велат од МЗШВ.
..

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата