МЗШВ: Активно се работи за подигнување на електронскиот систем, базата на министерството е сигурна и етапно се враќа во функција

Од:

Електронскиот систем на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 12-ти овој месец беше цел на хакерски напад од меѓународна хакерска група Black Byte. Нападот предизвика блокирање на редовниот работен процес во министерството и оневозможување на тековните работни процеси, известува Министерството.

МЗШВ уште дента на нападот веднаш ги извести граѓаните, а траснпарентно изминативе денови даде одговор на сите новинарски прашања поврзани со хакерскиот напад.

Нападот е пријавен во Министервото за внатрешни работи за понатамошно истражување и постапување, а превентивно поради сериозноста на нападот времено вон функција беа ставени сите системи на министерството. Со нападот извршено е оштетување, односно декриптирање на податоци од офис документи (word, excel, pdf), додека пак апликациите на министерството како на пример ЕРЗС системот, ФАДАН, системот за идентификација на земјоделски парцели и други апликации не се оштетени од овој напад, но превентивно веднаш по нападот беа исклучени и сега повторно се активни. Исто така архивата на министерството е оспособена и истата работи, ниту еден документ не е исчезнат или оштетен, соопшти МЗШВ.

„Вработените во секторот за информатички технологии на МЗШВ активно работат за целосно отстранување на проблемот. Поради превенција во моментот системот е делумно подигнат, односно како се отстрануваат проблемите етапно системот се чисти и се враќа во фунцкија.

Упатуваме извинување до граѓните поради неможноста навремено и брзо да ги вршиме услугите, дополнително МЗШВ ќе ја информира јавноста за отстранувањето на проблемот и повторното подигнување на системот“, велат од Министерството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата