МЗШВ: Ако сака вистински да помогне, Трипуновски да даде предлог, а не во ваква состојба да собира политички поени

Од:

„Ако вистински сака да им помогне на земјоделците, Трипуновски, наместо да ја користи вонредната состојба за прибирање политички поени и сликање, може да се вклучи во работата на Министерството за земјоделство и да достави конкретни предлози. Но, досега тој тоа не го сторил. Од Трипуновски до министерот Трајан Димковски не е доставен ниту еден предлог. Срамно и крајно неодговорно е да ја користи позицијата на дополнителен заменик-министер и вонредната состојба за партиски интереси и манипулации со земјоделците“.

Ова е реакцијата што ја испрати Министерството за земјоделство по денешната изјава на Трипуновски пред Владата, во која тој обвини дека се прават непродуктивни трошоци, наместо средствата да се пренаменат за помош на земјоделците.

Според МЗШВ, Трипуновски, кој долго време работење во државни институции во секторот земјоделство, треба да знае како се прават измени на програми, како се носат мерки и како се вршат пренамени на финансиски средства.

Со оглед на настанатата состојба, МЗШВ, како што наведува, планира соодветни измени и пренамени на средства од национланите програми за да им се помогне на земјоделците, а застој во исплатата на субвенциите нема. Само од почетокот на годинава досега се исплатени околу 85 милиони евра, а за неполни три години, 427 милиони евра.

-Промоцијата на македонските земјоделски производи на меѓународните саеми е важна за зголемување на извозот на нашите производи и е финансиски поддржна преку Програмата за рурален развој. Од почетокот на годината финансиски се подржани само два меѓународни саеми во Германија и во Русија, кои се одржаа во февруари. Со прогласувањето на глобалната пандемија и вонредната состојба во нашата држава, се откажаа сите меѓународни саеми, и во овој период, МЗШВ нема поддржано ниту една саемска и локална манифестиција. Дел од предвидената сума за поддршка на саеми и локални манифестација веќе е пренамената за во ставката за капитални инвестиции и во преземени и заостанати обрвски од минатите години, стои во реакцијата на Министерството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата