МТЕЛ ја проширува продажната мрежа, отворен нов продажен салон во Штип

Од:

Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Телеком Србија ја проширува својата продажна мрежа со нов продажен салон во Штип.

Новата МТЕЛ локација е на улицата Кузман Јосифовски бр. 12 во Штип каде корисниците ќе може да ги добијат сите информации за услугите кои ги нуди МТЕЛ во делот на мобилна телефонија, интернет и телевизија, како и актуелните промоции.

„МТЕЛ континуирано расте и се проширува на македонскиот пазар и навистина сме горди што денеска може да се пофалиме со ново продажно место во Штип. Интересот за нашите услуги секојдневно расте и мило ни е што отвораме нови места и нашите услуги ги доближуваме до корисниците, а со тоа ја подобруваме нашата корисничка услуга. Во моментов имаме одлична понуда со повеке од 250 канали на нашата стриминг платформа MOVE TV, промоција за сателитската телевизија mSAT TV, како и промотивни роаминг интернет тарифи кои сме убедени дека ќе им се допаднат на штипјани и ќе им овозможат да уживаат во едно поинакво телекомуникациско искуство“, велат од компанијата.

Освен нашите продажни салони во Скопје, Куманово и Штип, во моментов МТЕЛ може да се пофали и со мрежа од 11 ексклузивни партнерски продажни салони. Услугите на МТЕЛ се достапни и на повеќе од 500 продажни локации.

Би можело да ве интересира

МТЕЛ ја претставува MOVE TV: Врвна стриминг-платформа со разновидни содржини и практични опции

Орце Костов