Наградата за најпосакуван работодавач во категоријата игри на среќа за 2024 година е уште едно значајно признание што го зацврстува лидерството на компанијата Mozzart.
Добрите услови за работа, тимската атмосфера, можностите за професионално унапредување, разните обуки, бонусите и наградите, како и постојаната поддршка за секој вработен се причините што ги мотивираат тимовите на Mozzart да го дадат најдоброто од себе.
Овие вредности не само што придонесуваат за подигнување на компанијата на највисокото ниво, туку и го зголемуваат интересот кај луѓето да станат дел од Mozzart.
„За да се биде најдобар, неопходен е неуморен труд и посветеност, а токму тоа претставува основата на успехот на Mozzart, кој секоја година бележи раст и напредок. Ова големо признание е доказ за посветеноста и упорноста на вработените во Mozzart, кои со својата работа, професионалност и тимска енергија ги реализираат амбициозните цели и ја претставуваат компанијата во најдобро светло, изјави Марина Рајчановска, Директор на сектор за човечки ресурси
Сето тоа е потврдено со оваа престижна награда за најпосакуван работодавач за 2024 година.
Компанијата, како водечки лидер во приредување игри на среќа, останува неприкосновена на врвот, препознатлива по своите успеси и посветеност, секогаш стремејќи се кон врвните резултати и цврсто држејќи ја својата позиција која ја гради со години.