Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја предупреди Шпанија дека би можела да забележи уште подлабока рецесија отколку што претходно се очекувало, од минус 1,7 отсто оваа година и минус 1,2 отсто следната година.
Во соопштението на ММФ, исто така, се наведува дека се поголемите пазарни тензии би можеле да ја загрозат способноста на Шпанија да се финансира на пазарот, и покрај тоа што еврозоната договорила помош за шпанските банки.
Трошоците на задолжување на Шпанија се блиску до нивото кое го забележаа Грција, Ирска и Португалија, кога мораа да побараат меѓународна помош, а лидерите од еврозоната преземаат се што е потребно за да спречат официјален Мадрид да тргне по истиот пат.
ММФ ја објави проценката дека шпанскиот буџетски дефицит оваа и следната година ќе ја надмине целта на Владата од 6,3 отсто од бруто домашниот производ (БДП) за 2012 година и 4,5 проценти од БДП за 2013 година.
Членките на еврозоната не треба да имаат буџетски дефицит поголем од три отсто од БДП, но оваа година шпанскиот дефицит веројатно ќе изнесува седум отсто, а следната година 5,9 проценти од БДП, соопшти