Младите имаа прекрасна можност да се запознаат и дружат со дел од милите штитеници на прифатилиштето „Хачико“

Од:

Вчера, во организација на прифатилиштето „Хачико“ кое го стопанисува ЈП Комуналец Битола, беше одбележан Светскиот ден на бездомните животни со топол и полн со љубов настан. Под ведро небо и во весела атмосфера, се собраа голем број активисти, волонтери и љубители на животните заедно со насмеани ученици и средношколци.

Младите имаа прекрасна можност да се запознаат и дружат со дел од милите штитеници на прифатилиштете кои ја почувствуваа грижата и топлината на човечкото срце кај нас во прифатилиштето.

Освен игра и гушкање, учениците одблиску дознаа што значи да се биде активист и волонтер, и колку малите дела на добрина можат да направат голема разлика во животот на овие животни.

Овие моменти нè потсетија дека секое животно заслужува љубов, топол дом и сигурност.

Дури и една прошетка, насмевка или гушкање може да значи свет за нив.

Ве охрабрувам сите што чувствувате љубов кон животните да се приклучите – како волонтери, донатори или едноставно со поддршка и споделување на приказните на овие мали херои.

Заедно можеме да направиме многу за нив, чекор по чекор, шепа по шепа.

Упатувам голема благодарност до сите кои го поддржаа овој настан.

Би можело да ве интересира

Визија што оди подлабоко: MINT Fintech Group инвестира во безбедност и доверба

Позитивно известување за сите корисници на услугите на Минт Финтек Груп

Горан Наумовски

MINT Fintech Group: Година исполнета со општествена одговорност и позитивно влијание

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

MINT Fintech Group: 8 години лидерство и иновации

А1он