Млади од пет земји разменуваат искуства за зајакнување на претприемачките капацитети

Од:

Поврзување и продлабочување на соработката и размена на искуства, како и јакнење на претприемачките капацитети е целта на двонеделната обука за млади претприемачи што се одржува во Струга во организација на ЦЕФЕ мрежата во рамките на проектот „ГЕТ ЅЕС – Глобални размени и обуки за подобрување на услугите за вработување на младите“.

Дваесетте учесници од различни организации од Германија, Чиле, Јамајка, Филипини и Македонија, според претседателот на ЦЕФЕ Македонија Јован Ставревски, ќе бидат следни обучувачи во своите земји.

– Следен чекор е овие луѓе, кои се нови обучувачи тука, да организираат најмалку по две обуки во нивните држави. Се договоривме од ноември до декември во секоја земја да организираат обуки за социјално претприемништво, бизнис вештини, агро бизнис, вработување на млади и високо технолошки бизниси, појасни Ставрески.

Идејата, додаде, е преку вмрежување на партнерските организации да ги зајакнат капацитетите, да направат нови тренинг програми кои ќе им ги понудат на младите и да ја шират мрежата со обучувачи.

– Досега направивме истражување и брошура во која се опфатени над 50 проекти кои дале резултати во вработување на младите или поддршка на млади претприемачи. Им даваме идеја што може да прават да видат што функционира во Македонија, што во Филипини, Јамајка, Чиле, Германија, истакна Ставревски.

Како пример го посочи проектот од „Од идеја до бизнис“ на Бизнис старт ап центарот во Битола, преку кој во Пелагонискиот регион основањето на фирми се зголемил за 10 проценти.

За Кристобал Раби учесник од Чиле, кој работи во Национална агенција за поддршка на претприемачи ова е голема можност за вмрежување на претприемачите од неговата и од други земји.

– Тука стекнав многу компетенции и помош за претприемачите. Мојата идеја е да ја совладам ЦЕФЕ методологијата и да ја прилагодам со други методологии и преку овој микс да добијам модерна програма. По ова ќе се обидам да создадам поголема мрежа во земјата и подоцна да направам бизнис, истакна Раби.

Максимилијан Џон, вработен во сервисот за миграција на младите во Германија рече дека негова цел е да понуди тренинзи за младите во неговата земја.

– Мојата цел е да понудам тренинзи за младите во Германија, посебно бегалците и мигрантите од другите земји со што ќе овозможам да почнат сопствен бизнис. Пред да дојдам тука, на оваа обука, немав доволно знаење од бизнисот, администрацијата и финансиите. По овие две недели почуствував сериозни промени и почнувам за размислувам за тоа што можам да направам, изјави Џон.

Проектот „ГЕТ ЅЕС – Глобални размени и обуки за подобрување на услугите за вработување на младите“ почна да се реализира во октомври 2015, а ќе трае до јуни 2017 година, за што се обезбедени 170.000 евра, од кои 80 отсто преку Еразмус + програмата, а 20 отсто од партнерите ЦЕФЕ.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за претприемништво објави оглас за менторство за мали и средни претпријатија

Ана Ололовска

Глобална недела на претприемништво од 16 до 22 ноември

Ана Ололовска

Во „Македонско село“ младите претприемачи ќе отвораат сопствен бизнис без плаќање режиски трошоци

Ана Ололовска

380 компании заинтересирани за грант за брзо закрепнување од Ковид-19, предност имаат раководените од жени

Маја Илиевска-Пачемска

Агенцијата за претприемништво објави јавен повик за менторски услуги

Ана Ололовска

ССК: Претприемачите трпат штети и немаат алтернативен начин за вршење дејност

Ана Ололовска