Министрите од еврозоната на состанок во Луксембург за банкарската унија

Од:

Министрите за финансии од еврозоната ќе имаат состанок денеска во Луксембург во обид да решат длабоки несогласувања околу начинот на надгледување и гаснење на банки кои имаат големи проблеми и на кои им се заканува престанок на работата.

Ирска, која беше една од државите најтешко погодени ор финансиската криза, минатиот викенд соопшти дека во декември ќе излезе од тригодишната програма вредна 85 милијарди евра. Таа вест од Ирска како и тоа дека Грција не бара итна нова помош укажува дека надминати се во голем дел проблемите на еврозоната, јавуваат западни медиуми.

Во овој момент сепак постои контроверза што е следно.

Имено, во врвот на глобалната финансиска криза амбициозниот план кој требаше да обезбеди даночни обврзници да не плаќаат веќе за спасување на проблематични банки, имаше доволно смисла заедно до поострата координација на економската политика меѓу владите на државите од ЕУ.

Дојче банка укажува дека планот за основање банкарска унија „звучи како економски рационален, и доколку биде спроведен на вистински начин, многу ќе ја подобри финансиската стабилност во Европа и собено во еврозоната“.

Меѓутоа според извештај од таа банка проблемот е што тој плат страда од две клучни спротивности.

– Од една страна постои шизофрен став на државите членки во поглед на неопходен степен наднационалност заради зачувување на финансиски стабилен меѓубанкарски пазар за финансиски услуги. Од друга страна постојат спротивни очекувања и мотиви на државите членки во поглед на банкарската унија, се вели во анализа на Дојче банк.

Заради должничката криза еврозоната веќе договори Единствен надзорен механизам наменет за регулирање на банкарскиот сектор под закрила на Европската централна банка и кој треба да почне со работа во крајот на следната година.

Следен чекор е основање Единствен механизам за решавање за банкарската унија кој ќе се занимава со гаснење банки кои не можат да бидат спасени. Министрите од еврозоната утре ќе продолжат со разговори со уште 11 колеги од држави кои не се членки на Унијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница