Во тек е засилена контрола од страна на сите институции за квалитетот на семенскиот материјал и репроматеријалите, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарско прашање дали ресорното Министерство и инспекциите вршат контрола на квалитетот, бидејќи земјоделци од Струмичко се сомневаат во нивниот квалитет.
– Од страна на Министерството се повлечени 96 решенија за продажба на ѓубриво за 2016 година. Нашата контрола продолжува и за 2015 година, но и за 2017. И Министерството и комисиите и институциите ќе продолжат со работа во тој дел и сметам дека со заокружување на овој цел процес јавноста ќе има повеќе информации. Тоа што можам да го потврдам е дека 96 издадени решенија се веќе повлечени, изјави министерот Николовски.