Министерот Сарачини во посета на Турција

Од:

Министерот за економија Ваљон Сарачини и градоначалникот на Општина Чаир денеска и утре ќе престојуваат во работна посета на Република Турција каде што ќе имаат средби со стопанственици – потенцијални инвеститори во Република Македонија.

Бурса е на агендата во текот на првиот ден од посетата, каде што се планирани средби со градоначалникот на овој град, со претставници на стопанските комори и компании кои се нивни членки, како и посета на индустриска зона.

Вториот ден средбите ќе продолжат во Истанбул, со потенцијални инвеститори кои изразиле интерес за проектите кои се реализираат во Република Македонија, со цел од министерот Сарачини да слушнат за можностите за инвестирање и најактуелните инвестициски проекти во земјава.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата