Mинистерот Бектеши се сретна со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретна со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Иштван Дукс.

На сребата, информираат од Министерството за економија, Бектеши изразил задоволство од интензивирањето на економската соработка меѓу двете земји, која резултирала со континуиран раст на трговската размена меѓу Македонија и Унгарија, поточно со нејзино удвојување во последните три години, но и со зголемување на бројот на туристи и соработка во повеќе области од заеднички интерес.

Двајцата соговорници изразиле задоволство од воспоставувањето на директни летови на релација Будимпешта – Скопје – Будимпешта, од страна на нискобуџетната компанија Виз Ер, што е причина повеќе за брзото зголемување на деловните посети и на туристите во двете земји.

Воедно, амбасадорот Дукс во текот на средбата го пренел интересот на многу унгарски компании да учествуваат во спроведувањето на различни проекти од областа на инфраструктурата, енергетиката и туризмот во Македонија.

Министерот Бектеши и амбасадорот Дукс истакнале дека соработката меѓу министерствата во чија надлежност се економските релации досега е одлична, за што говорат и трите одржани седници на мешовитите комитети на двете земји, како и неколкуте реализирани бизнис форуми, согласно Меморандумот за соработка, потпишан од страна на инвестициските агенции од Македонија и Унгарија.

Од оваа прва средба меѓу Бектеши и Дукс, наведуваат од Министерството за економија, произлегла и иницијативата четвртиот состанок на заедничкиот мешовит комитет да се одржи до крајот на оваа година, а домаќин да биде нашата земја.

Би можело да ве интересира

Во мај следната година ќе биде пуштена во употреба првата половина од автопатот Кичево-Охрид, најави Мицкоски

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ

Покана до сите дами – Grand Casino Admiral ве очекува на незаборавна Ladies night!

Откупувачите на јаболко после средбата со министерот Трипуновски: Минималната откупна цена за ајдарет ќе изнесува 18 денари

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија