Министерот за економија Крешник Бектеши и амбасадорот на Косово во Македонија, Илбер Хиса на денешната средба разговарале за политичката и економската состојба во двете земји и потребата за проширување на меѓусебната трговска соработка.
Министерот Бектеши, како што соопшти неговиот кабинет, изразил задоволство од досегашната соработка со Косово во сите области и истакнал дека Косово е важен партнер на Република Македонија.
Амбасадорот Хиса го запознал министерот Бектеши со работите во врска со автопатот „Арбен Џафери“, кој ги поврзува Косово и Македонија. Тој најавил дека автопатот се очекува да биде пуштен во употреба во октомври.
Министерот Бектеши изразил максимална посветеност и подготвеност за подобра соработка меѓу двете земји.
На средбата било истакнато дека добрососедските односи меѓу двете земји ќе имаат позитивно влијание и оти се важен фактори за економскиот развој и стабилност на регионот.