Мицкоски очекува успешна година на економски план со раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти

Од:

– Премиерот Христијан Мицкоски очекува 2025 година да биде поуспешна од 2024 година, со раст на БДП помеѓу 3,5 и 4 проценти, инвестици од над милијарда евра и буџетски дефицит под 4 проценти.

– Очекувам параметрите во економијата во 2025 година да бидат подобри од тие што се во 2024 и растот на БДП да дојде до близу 4 проценти, помеѓу 3,5 и 4 проценти, иако проектираниот е на 3,7 проценти, рече Мицкоски, на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новиот скијачки центар „Михајлово“.

Според него, 2024 година ја завршуваме со подобри резултати од очекуваните на економски план.

– Очекуваме да имаме позитивни параметри за растот на БДП за четвртиот квартал со што севкупно растот за 2024 година да биде 2,6 проценти, 2,7 проценти, а зошто да не и 3 проценти, зависно од тоа како ќе биде четвртиот квартал поради слабиот прв квартал бидејќи третиот и четвртиот се навистина успешни, би рекол најдобри во регионот, изјави Мицкоски.

Повтори дека очекува нивото на странски инвестиции да надмине милијарда евра за 2024-та и уште поголем износ за 2025-та.

Буџетскиот дефицит за 2024, како што го информирала вчера министерката за финансии, има подобри параметри од предвидените и нема да биде 4,9 проценти, туку 4,4 проценти.

– За 2025 очекуваме да биде под 4 проценти. Навистина ќе имаме убави финансиски параметри, ќе бидеме меѓу првите пет-шст најбрзорастечки економии и ќе се вратиме на местата каде бевме пред 10-ина години кога станува збор за економијата, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема аргументи за прифаќање на бугарските барања

А1он

ВИДЕО: Испорачајте го договореното порача Кошта, Мицкоски останува на барањето за гаранции

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Скопје

Премиерот немал информации за повисоки цени во маркетите, ако се случи тоа ќе има мерки за до крајот од годината

Разрешница за промените во Владата по заминувањето на Таравари ќе има следната недела

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски