Мицкоски: Обезбедив компанија за двојна пониска цена на гасот, но ЕСМ и Ковачевски избраа бугарска компанија

Од:

Обезбедена беше компанијата, обезбедена беше и државата, но знаете кој не беше обезбеден, тој што чека провизии. Тука е проблемот. Ако беше обезбеден тој што чека провизии јас ви гарантирам дека таа зделка ќе имаше завршница и затоа се откажа и се договори друга со бугарска компанија која претпоставувам зошто дава двојно повисока цена од таа на берзите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Гевгелија одговарајќи на новинарско прашање за прозивките за набавка на гас од страна на Васко Ковачевски.

– Ја добив таа информација дека тој вели дека преку контактите кои јас ги обезбедив понудата која била доставена била понуда која не биле гарантирани количини. Јас не знам бидејќи не сум бил од тие преговори, но она што го знам е дека таа компанија која јас јка понудивкако една од контактите со која Васко Ковачевски и останатите владини функционери комуницираа, достави понуда со цена која што е пониска и од таа цена која денеска ја купува ЕСМ, истакна Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека тогаш цената на берзите беше два пати повисока од таа која е денеска, дури и на моменти три пати, а цената која ја понуди таа компанија е пониска и од таа која денеска ја купува ЕСМ.

Исто така знам дека гаранција за испораката подразбира и банкарска гаранција од тоа што како аванс требаше да биде исплатено од страна на ЕСМ. Но бргу ќе дојде крајот и на оваа власт и на ова раководство на ЕСМ, а потоа следи одговорност, а граѓаните треба да ги знаат сите детали за уште една криминална набавка која се поврзува со ЕСМ и Васко Ковачевски, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Апсурд од премиер, Мицкоски кој врши партизација ветува деполитизација

Мицкоски: Сакаме јавна администрација којашто ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата