Мицкоски: Мерките на власта се само козметика, Владата да ги прифати предлог мерките на ВМРО-ДПМНЕ кои значат вистинска помош за граѓаните и стопанството

Од:

Не е тоа предлог сет мерки на власта кои што ќе помогне. Напротив мислам дека тој нема воопшто да значи нешто посебно за граѓаните, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар во однос на најавите на владата за нов сет на мерки за стопанството.

Мицкоски потенцираше дека единствено нешто што е за поздравување од страна на власта е што прифатиле јавните претпријатија со водостопанска дејност да добијат повластена цена на електричната енергија, додека другите мерки како што рече тој се гола козметика, и го повика владејачкото мнозинство да ги поддржи предлог мерки на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот кои значат вистинска помош за граѓаните и стопанството.

Единственото кое што го поздравуваме е што конечно прифатија да сите оние јавни претпријатија кои што се занимаат со водостопанска дејност, тука ги вклучија и пречистителните станици и канализациите итн, да добијат цена на електрична енергија која што ќе биде како што тие ја нарекуваат повластена, откако пред неколку години ги извадија на слободен пазар и ги оставија на милост и немилост на трговците, и тоа директно беше на штета на граѓаните. Тоа е добро и ја поздравувам одлуката тоа што конечно го прифатија зошто ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше и на тој начин ќе се намалат сметките на граѓаните и на стопанството за вода и за услуги кои ги нудат пречистителните станици. Тоа е многу добро и тоа го поддржувам. Но, се останато е гола козметика и веќе видовме дека е гола козметика, кажа Мицкоски.

Како ВМРО-ДПМНЕ предложивме сет на мерки кои што во парламентот пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на дневна основа ги промовира. Внимателно следете ги бидејќи тоа е вистинското на кое што им е потребно на граѓаните во овој момент и во таа насока јас очекувам да се движи владејачкото мнозинство и заедно да изгласаме поддршка за младите, пензионерите и за сите оние целни групи кои што се опфатени со мерките на ВМРО-ДПМНЕ, да го изгласаме викендот без ДДВ за основните прехранбени производи. Го слушнав Ковачевски дека тој проект не бил на ВМРО-ДПМНЕ, туку на ЛДП, па еве нека е така, ги повикувам двата пратеника да се потпишат на предлог амандманите, нека биде на ЛДП, не мора да е на ВМРО-ДПНМНЕ, само да го изгласаме и да направиме нешто добро за граѓаните, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Нема да растат платите на функционерите ветува премиерот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трговците користат трикови, срамно е ова што го прават пред празниците вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ако беше чист како солза, Груби немаше да бега вели Мицоски

Мицкоски на Самитот на ЕПП: Учеството на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на земјата во европскиот контекст

Во Брисел средба на премиерот Мицкоски со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Калас

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел