Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 25 часа се оштетени за близу 10.000.000 денари

Од:

„Како се пљачка Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ, денешно ЕСМ! ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 1 до 5 август, од 2 до 7 часот во вкупна количина од 1250 MWh. Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 245,37/MWh!“, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

„За истиот тој период цената на струјата на HUPX (референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија) е 372,21 €/MWh или по денови:

1 август 359,81 €/MWh

2 август 388,95 €/MWh

3 август 363,474 €/MWh

4 август 377,758 €/MWh

5 август 371,058 €/MWh

Разликата во цена е:

1250 MWh x (372,21-245,37)€ = 158.550€

Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 25 часа се оштетени за близу 10.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови“, додава Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Раскинат е договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата