Мицкоски: Кусогледаноста на власта ја спречува Македонија, Естонија ја решава кризата со пари од вториот пензиски столб, мерка за која апелиравме

Од:

„За жал, кусогледоста на економскиот тим на Владата, дополнет со Спасовски и Зоран Заев попречува да се види шансата која стои преку искористување на средствата од пензискиот фонд, а кој за македонската економија ќе значат дополнителни 200 милиони евра.

Но, тоа не е случај естонскиот премиер и влада, кој ја презема истата мерка којашто и ја предлагав на Владата пред една недела, а тоа е да се искористат парите од вториот пензиски фонд без да се доведат во било каков ризик средствата на осигурениците“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Оваа мерка не беше добра за Заев и Спасовски, но е одлична за естонскиот премиер. Или свесно не сакаат да ги преземат мерките кои се добри затоа што е во прашање суетата, или не се разбираат во економија.

Но, што и да е од двеве причини, едно е јасно дека сето ова се удира врз грбот на македонските граѓани.

Истата мерка според Асошијетед прес ќе ја имплементираат и други европски држави“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС