Мицкоски: Ќе бидеме меѓу првите пет најбрзо растечки економии во Европа

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски очекува оваа година да финишираат преговорите со голем дел од странските инвеститори со кои се преговара и да се потврди или надмине бројката од една милијарда евра странски инвестиции.

– Најголемиот дел од тие инвестиции се во напредната технологија и чувствувам дека мораме да привлекуваме инвестиции коишто можеби не се толку поврзани со автомобилската индустрија така што една од овие инвестиции е напредна технологија, повеќе од 350 милиони евра е инвестицијата. Другата веќе ја најавивме и очекувам конечно некаде јуни-јули да го ставиме камен темелникот. Тоа е ветерниот парк од половина милијарда долари. Така што очекувам успешна и плодна година, изјави Мицкоски по свечената литурија по повод Божиќ одржана во Соборниот храм во Скопје.

Според премиерот, иако индустриското производство бележи пад и има економска криза во Германија која е наш најголем трговски партнер, она што ќе го помага економскиот раст се инвестициите, потрошувачката и намалената разлика меѓу увозот и извозот. Мицкоски очекува да бидеме меѓу првите пет најбрзо растечки економии во Европа.

Би можело да ве интересира

Буџет од 300 долари добива македонскиот амбасадор во САД, вели Мицкоски

Нова инвестиција до крајот на овој месец најави Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

СДСМ: Мицкоски кој не пробал цреши фрла илјадници евра месечно за лајкови

Горан Наумовски

СДСМ: Проблемот не е што јаде премиерот, туку што многу граѓани немаат доволно пари за храна

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме