Мицкоски: Ја стабилизираме економијата

Од:

Најновите податоци го потврдуваат она за кое се залагаме ја стабилизираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст, напиша премиерот Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук.

– Стапката на невработеност е намалена на 11,5 проценти, што е за 1 процент помалку во однос на истиот квартал лани. Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10.000 нови вработени и над 7.000 помалку невработени. Тоа се илјадници семејства со поголема сигурност и иднина.

Добра вест е и надворешната трговија: во јули извозот порасна за 4,69 проценти, додека увозот за 4,35 проценти. Во периодот јануаријули, извозот е зголемен за 5,41 проценти, а увозот за 4,83 проценти, стои во објавата.

Мицкоски посочува дека вкупната трговска размена во делот на увозот во првите седум месеци е поголема за 5,07 проценти во однос на истиот период минатата година.

– Ова се реални резултати од одговорни политики. Додека опозицијата шири црнила и се надева на неуспех, ние испорачуваме резултати. Додека тие блокираат и кочат, ние градиме и носиме подобар стандард за секое семејство. Македонија оди напред со повеќе работни места, посилен извоз и стабилна економија. Ова е времето на работа, резултати и развој, наведува Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

Мицкоски за Божик: Силата на државата започнува од домот, да градиме иднина за нашите деца

А1он

Мицкоски ја поддржува, ама и не ја поддржува акција на САД, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Мицкоски: Стоиме зад аругментите на САД за Мадуро, кога меѓународното право се кршеше за Македонија сите молчеа