Мицкоски: Индустриското производство во длабока негатива

Од:

Два клучни параметри според кои се оценува растот на економијата се индустриското производство и преработувачката индустрија. Во четвртиот квартал македонското индустриско производство и преработувачката индустрија се во длабока негатива. Споредено со другите земји од регионот, Македонија е убедливо на дното. Имено, индустриското производство во декември бележи пад од 1,3%, во ноември негативата е 3,7%, а во октомври падот е 5,3%. Намалувањето на индустриското производство во четвртиот квартал е околу 3,4%, а за цела 2022 година падот на индустриското производство е 0,3%, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Слична е состојбата со преработувачката индустрија имено, во декември бележи пад од 2,3%, во ноември негативата е 5,6%, а во октомври падот е 4%. Намалувањето на преработувачката индустрија во четвртиот квартал е околу 4%, а за цела 2022 година падот на преработувачката индустрија е 1,1%.

Наместо раст после рецесијата со корона кризата, македонската влада бележи нови минуси. Со оваа влада нема да биде подобро, туку само полошо и драматично тешко за сите граѓани. Затоа потребни се избори за Македонија да почне да победува. Потребни се избори за крај на политичките криминалци и измамници – тврди Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Апсурд од премиер, Мицкоски кој врши партизација ветува деполитизација

Мицкоски: Сакаме јавна администрација којашто ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата