Металуршки конгрес во Охрид: Науката во функција на стопанството

Од:

Интензивирање на соработката меѓу науката и стопанството, ќе биде во фокусот на годинашниот меѓународен металуршки конгрес што ќе се одржи од 30 мај до 3 јуни во Охрид.

Како што беше речено денеска во Стопанската комора на Македонија, на Конгресот под мотото „Металургијата, материјалите и заштитата на животната средина“, освен домашни, ќе учествуваат и професори од Турција, Украина, Шведска и Австрија, а целта е најновите научни достигнувања да се доближат до индустријата.

Презентирани ќе бидат околу 30 научни трудови, а предвидени се и презентации од страна на компаниите – учеснички.

– Сакаме да бидеме сервис на индустријата, научните достигнувања да бидат достапни за нашите компании. Засега соработката е сведена на индивидуални контакти меѓу нашите поранешни студенти – сегашни менаџери и науката, истакна Свето Цветковски, професор на Технолошкиот факултет и претседател на Здружението на металурзи при Стопанската комора.

Професорот напомена дека главен проблем на научните работници е недостигот на современа опрема. Новата опрема е прилично скапа поради што факултетите не можат да ја обезбедат сами. Основна верзија на електронски микроскоп чини околу 180.000 евра, посочи Цветковски и додаде дека би било добро во оваа насока што повеќе да се користат европските фондови.

На претстојниот Конгрес во Охрид една од клучните теми ќе биде и обезбедувањето квалитетен кадар за металуршкиот сектор.

Би можело да ве интересира

ЕК: Нема изземања од рестрикциите за челикот доколку се воведат

Ана Ололовска

Во Охрид 8. Меѓународен металуршки конгрес

Ана Ололовска

Намалено производството во металургијата

Ана Ололовска

Македонија да биде изземена од мерките на ЕУ и САД, бараат прозводителите на челик

Ана Ололовска

Кочовски: Се подобрува состојбата во металургијата

Ана Ололовска

Стопанска комора: Влошена состојбата во металургијата

Ана Ололовска