Меркел: Во Европа има позитивни тенденции за надминување на должничката криза

Од:

Должничката криза во Европа се уште не е надмината, но има позитивни тенденции во економскиот развој, изјави денеска германскиот канцеларка Ангела Меркел, јави ДПА.

– Постигнати се успеси во регулирањето на финансиските пазари на национално и европско ниво. Сите европски земја ја зголемуваат својата конкурентска способност, а во земјите во криза е забележан значителен напредок, нагласи Меркел.

Таа посочи дека во проблематичните земји од еврозоната дефицитот на државните буџети е значително намален.

Германската канцеларка нагласи дека истовремено задржувањето на стабилоста на еврото останува главна задача на земјите од еврозоната.

Меркел ја исклучи можноста за нов договор за преструктуирање на грчкиот долг, предупредувајќи дека последиците од таквото решение негативно би се одразиле на европските финансиски пазари.

Би можело да ве интересира

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени