Kлиент од Источна Европа нарачал да се направи уникатен автомобил на основа на Mercedes SLS AMG Roadster.
Нарачката отишла кај американската компанија Gullwing America специјализирана за рачна изработка на модерни реплики на германската икона од средина на минатиот век Mercedes Gullwing.
Клиентот чие име останува деловна тајна нарачал да се направи модерна интерпретација на Mercedes 300S Coupe од 1955 година (W188) на основата на чичка нов Mercedes SLS AMG Roadster (R197). Речено, сторено.