Mercedes A Classe: Големината не е битна!

Од:

Mercedes ја претстави првата генерација на А класата во 1997 година, никој не се осмели да каже: „И ова е вистински Mercedes”, од едноставна причина што иако беше технички напредна и квалитетно направена.

Сите тврдеа дека големината навистина е битна. Да, точно е, барем половина од човештвото тврди дека големината е битна, но сите, без исклучок, се согласуваат дека името е побитно.

Најновиот претставник во компакт премиум класата сега е вистински Mercedes, модел кој гордо ја предводи големата гама возила со трокрака ѕвезда на носот, а како најнов меѓу нив, го предводи и насочува дизајнерскиот стил на сите идни модели кои допрва ќе се појават. Третата генерација на А класата се одликува со забележително емотивен дизајн, кој и е потребен да го создаде наново својот имиџ.

943_a-klasa-470-1

Моторната понуда на почетокот ќе се состои од 1,6 и 2,0 литарски бензински турбо мотори со 122, 156 и 211 KS, а од дизелите ќе бидат достапни 1,5, 1,8 и 2,2 литарските со 109, 136 и 170 KS, сите опремени со старт-стоп систем и шестстепени мануелни менувачи.

А цена која треба за неа да се плати (стартува од 22.950 евра), е последниот факт кој докажува дека А класата сега навистина е вистински Mercedes.

Би можело да ве интересира

ФОТО: Сериски McLaren P1 со 903КС

Емир Латифовиќ

Mercedes-Benz ML63 AMG најмоќен до сега

Емир Латифовиќ

ФОТО: BMW 2 купе верзија

Емир Латифовиќ

ФОТО: Претставен новиот Jeep Cherokee

Емир Латифовиќ

ФОТО: Нов Range Rover

Емир Латифовиќ

Volkswagen XL1 автомобил на иднината

Емир Латифовиќ