„Масмовил Иберком“ сака да го купи „Еускалтел“ за 2,1 милијарда евра

Од:

Шпанскиот телекомуникациски гигант Масмовил Иберком (Masmovil Ibercom) предложил 2,1 милијарда евра за да го „добие“ помалиот конкурент Еускалтел (Euskaltel).

Евентуалното спојување на двете компании ќе предизвика голем одек на силно конкурентниот телекомуникациски пазар во Шпанија, објави Блуберг.

Масмовил Иберком предлага цена од 11,17 евра по акција на Еускалтел, каде тројца најголеми акционери имаат 52 отсто од акциите. Според локалните медиуми, тие веќе се согласиле за продажбата.

Масмовил Иберком е четвртата најголема телекомуникациска компанија во Шпанија, а Еускалтел е петтата. Нивото евентуално спојување би можело да претставува притисок врз лидерите на шпанскиот телекомуникациски пазар – Оринџ (Orange) и Водафон (Vodafone).

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени