Македонија со проекти во инфраструктурата и подобрување на конкурентноста на средбите со ММФ и Светската банка

Од:

Заменик претседателот на Владата Зоран Ставрески денеска во Вашингтон ги почнува средбите на годишното собрание на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Ставрески најави дека Македонија на средбите со двете големи финансиски институции настапува со проекти за инфраструктурата и подобрување на конкурентноста, јави дописникот на МИА од САД.

– Од аспект на Македонија секако ќе ја искористиме посетата да се сретнеме со потпретседателите на ММФ и на Светска банка задолжени за Македонија, со директорите на тимовите, како и со извршните директори во бордот на ММФ и на Светска банка, кои се важни за проектите кои ги носи пред се Светската банка за Република Македонија. Нашиот фокус ќе биде во настојувањето да добиеме средства за подобрување на конкурентноста на македонската економија, пред се за патната инфрастуктура и за човечкиот капитал, вложувањето во иновации и проекти од тој тип, изјави Ставрески.

Главни теми на собранието, што ќе трае до следната недела, се економската и политичка криза во САД, но и забавувањето на растот во земјите во развој, како Кина, Бразил, Индија и Јужна Африка, кои досега беа светлата точка во светската економија.

Вицепремиерот Ставрески рече дека очекува брз крај на политичката блокада и на кризата во САД.

– Моите очекувања се дека САД нема да дозволат оваа криза предолго да трае, дека ќе има притисок од јавноста врз политичарите и дека ќе се најде некое компромисно решение. Не би било добро ниту за светската економија ако кризата во Америка потрае бидејќи може да се прелее, и се разбира значењето на американската економија е огромно за светската економија. Сепак, очекувам дека во кратко време ќе се најде решение и ќе нема поголеми последици, бидејќи сите на некој начин ги научија лекциите од претходната криза, изјави Ставрески, кој заедно со гувернерот на Народната банка Димитар Богов ја претставува Македонија на средбите во Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница