Македонија меѓу 10. најдобри места за почнување бизнис во светот

Од:

Македонија е меѓу 10. најпогодни земји за почнување бизнис, според најновиот извештај на Меѓународната финансиска корпорација и Светската банка, објави Си-Ен-Ен во делот „Гоинг глобал“.

Во извештајот е наведено дека Македонија е на петтото место како резултат на поедноставените процедури преземени во изминатите пет години за основање фирма, намалениот услов за минимум потребен капитал при основање фирма, намалените административни процедури и времето потребно за аплицирање и воспоставување електронски систем за поднесување документи.

Рангирањето опфатило 185 земји во светот. Први на ранг листата се Нов Зеланд, Австралија, Канада и Сингапур. По Македонија во 10-те најдобри дестинации за бизнис се Хонг Конг, Грузија, Руанда, Белорусија и Ирска.

Делот „Гоинг глобал“ на Си-Ен-Ен е наменет за претприемачи кои решаваат да инвестираат на глобално ниво и разработува теми како што се бизнис стратегии за инвестирање, маркетинг и логистика.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата