Македонија ја подобри конкуреноста

Од:

Македонија е на 73. место на листата за конкурентност  во најновиот извештај на Светскиот економски форум, искачувајќи се за седум места од минатата година кога беше рангирана на 80-та позиција.

Од земјите во регионот Бугарија е на 57 место, Словенија 62., Црна Гора на 67., Хрватска на 75., БиХ на 87., Грција на 91., Албанија на 95. и Србија на 101-та позиција.

Според извештајот, најконкурентна од 148. земји во светот е Швајцарија, по неа се Сингапур, Финска и Германија. Во првите 10 се и Шведска, Хонг Конг, Холандија, Јапонија и Велика Британија.

Во Извештајот Светскиот економски форум, конкуретноста се дефинира како збир на институции, политики и фактори кои го одредуваат нивото на продуктивност на некоја земја, а ги содржи и резултатите на анкетата меѓу бизнис заедницата за ефикасноста на владата и транспареноста.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата