Македонија без штанд на „Зелената недела“ во Берлин

Од:

На светскиот саем за храна „Зелена недела“ во Берлин, не е поставен штанд што ќе ја промовира нашата земја.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека компаниите немаат интерес за учество на овој саем, поради што и не им била обезбедна поддршка. Министерството појаснува дека Македонија нема штанд на „Зелената недела“ најмалку шест години.

„МЗШВ поддржува учество на саеми за кои има барање од бизнис заедницата. За овој саем нема интерес и затоа нема поддршка“, велат од министерството.

Додаваат дека во моментот кога фирмите ќе покажат интерес и министерството ќе им обезбедни поддршка за учество и штанд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата